Граѓаните не мора да знаат: Уставните промени по рецепт на “Тиранска платформа” (ВИДЕО)

Станува се поизвесно дека власта сака промените на уставот да ги спроведе по рецептот на “Тиранската платформа” односно уставот да биде променет откако граѓаните ќе дадат поддршка на слепо на референдумот по што владата ќе прави што сака со уставот.

Според премиерот Заев граѓаните не треба да знаат што ќе содржат измените на уставот за да не се вознемируваат.

Тој вели дословно вака:

“Ако знаат за што ќе гласаат на референдум граѓаните, ќе им биде непријатно, а мора да бидат слободни при гласањето”.

За Заев слобода значи неинформираност, граѓаните да не знаат за што гласаат!

Властите сакаат да го употребат истиот трик каков што употребија со тиранската платформа: постизборно/постреферендумски да презентираат што ќе менуваат! А притоа да се повикуваат на легитимитет од гласање на кое не била презентирана одлуката.

Како што сите паметиме “тиранската платформа” ја немаше на избори, измените на устав не се познати ниту сега.

Можно ли е во тие уставни измени да има измени и за законот за јазици како што најавуваат дел од албанските партии за кои е идеален момент за туркање и на идејата за федерализација.

1 Коментар

Оставете Коментар