Граѓаните се бунтуваат против пратениците на СИРИЗА

Реакциите на граѓаните по договорот на Грција со Скопје за името продолжуваат на секој агол на Грција.

Синоќа во Гревена непознати луѓе поставија транспаренти на влезот на градот, со кои  порачаа дека е непожелен пратеникот на СИРИЗА Христос Билалас од ова место.

Протести вчера попладне имаше и во Катерини.

Во изминатитеденови слични изрази на револт имаше во Костур и Серес.