Границата на сиромаштија во Бугарија догодина ќе биде 174 евра

Границата на сиромаштија во Бугарија во 2019 година ќе биде 348 лева (174 евра), одлучи владата. Износот е за 27 лева повисока од оваа година.

Износот  се пресметува во зависност од податоците во студијата „Набљудување на домашните буџети во Република Бугарија“, што секоја година се спроведува од страна на Националниот институт за статистика.

Линијата на сиромаштија се користи како репер во формирањето на социјалната политика во областа на приходите и животниот стандард на населението.

Повеќе од 2,2 милиони жители на Бугарија се справуваат со помалку од 321 лева (160 евра) месечно.

Што значи, во секое трето домаќинство, средствата за едно лице се под линијата на сиромаштија.

Бугарија е членка на ЕУ од 2007 година и се уште не е член на еврозоната.

SHARE