Грчев: Послушајте, патриоти!

Во денешната колумна за „Плусинфо“, професор Мирослав Грчев вели дека со нашата, според него, „докажана долност“ и непропорционалната огромност на нашиот партнер во преговорите, секое решение – без оглед за кое име ќе се работи – ќе биде најдостоинственото и најхраброто нешто што сме го направиле во последните децении!

И вели:

„…седат Мујо и Хасо во кафеана и се печат на пролетново сонце. Мујо срка кафе и тапо гледа пред себе со дефокусиран поглед, а Хасо ја нурнал главата во отворен весник на чијашто насловна се наѕираат зборовите „достоинство“, „идентитет“, „капитулација“, и што се не. Наеднаш, Хасо ја крева главата и го прашува другарот: „Богати, Мујо, а што се тоа имбецили? Некои животни, инсекти или некакви бацили?“ „Ма какви бацили,“ одговара Мујо, „тоа се луѓе, токму како што сме ти и јас“.

Претпоставувам дека нема потреба да го објаснувам значењето на клучниот збор во вицот – дека имбецил е латинскиот назив за малоумник, тапоглав или глупак, но сигурно ќе се запрашате како овој сјаен виц го поврзав со драматичните конвулзии на нашето повредено човечко достоинство, исправени пред историската одлука за промена на уставното име на државата?“

Колумната на професор Грчев за „Плусинфо“ тука.

1 Коментар

Comments are closed.