Грчева до Андов: А, на која држава бевте претседател на Собрание?

„Не сме биле држава????

На која држава беше Андов претседател на Собрание? На непостоечка?
Тогаш доаѓаа во посети многу странски политичари, ама не за референдумско силување!
Тогаш бевме повеќе држава од сега!

А сега имаат задача од држава да направат административна област и не знаат што да измислат.

Дури и своето минато ќе го проголтаат ако треба само да ги извршат наредбите“ напиша денес професорката Солза Грчева и лидер на партијата „Гласза Македонија“ на својот Фејсбук профил во одговор на изјавата на Сотјан Андов за „Незавсен весник“.

Андов за „Независен“ објаснува дека пред референдумот 1991 „странци“ не доаѓале во Македонија за да не биле обвинети за мешање во внатрешни работи на она што се уште не било држава. Но, дека сега било друго…

Стојан Андов, 13 месеци пред Референдумот за независност и самостојност на Македонија од претседателот на Сојузот на реформските сили на Југославија Анте Марковиќ беше назначи за главен координатор во формирањето на Сојузот на реформските сили на Македонија.

Натамошниот „пат“ на Андов“низ политиката на следниот линк.

Андов: Пред референдумот во 1991 не бевме држава, сега е друго

 

 

SHARE

Comments are closed.