Грчева: Дури ни претседателот нема право да потпише ваков договор

Солза Грчева, лидер на партијата Глас за Македонија и поранешна пратеничка во македонското Собрание, без пардон по најавите дека утре би можел да падне конечен договор меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за името на државата Македонија и за целиот пакет поврзан со него.

„Дури ни Претседателот нема право да потпише ваков меѓународен договор. А за влада, ич муабет да не правиме. Нема основа во Уставот. Во ниту еден устав на светот не е предвидено промена на име, јазик и идентитет на еден народ! Тоа само ако сме изгубиле војна, па се потпишува мировен договор. Добро е што се ветрушки!“, напиша Грчева на својот профил на „Фејсбук“.

„Бил надминат и проблемот со Уставот, открива шефот на грчката дипломатија, кој ѝ оддава признание на соседната земја за „храброста“ да си го смени уставното име.”

Храброст да ја закопаш нацијата, нема што. И дрско да лажеш дека тоа било само за некој пакет, па немало да има менување на Устав…колку да знаат и тие кои не веруваа со кого си имаат работа“, ќе додаде таа.

 

5 Коментари

  1. Сподели и потпиши Петицијата за Одбрана на името и на Државата: https://www.change.org/p/united-nations-solution-to-the-name-problem-of-the-republic-of-macedonia-in-the-un
    ДРЖАВНОТО ИМЕ НЕ Е НА ПРОДАЖБА!
    НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ПОТПИШЕ КАПИТУЛАЦИЈА!
    СДСМ, НЕМА ДА ВИ ДОЗВОЛИМЕ ПРОМЕНА НА ИМЕТО!
    ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

  2. Се` што не е забрането е дозволено! Ако не е забрането промена на име, тогаш е дозволено промена на име! Солза вели ќе има промена на јазикот. Не кажува на кој јазик од сега ќе зборуваме. На српски, бугарски, грчки, англиски, француски… На кој? А што ќе правиме ако не знаеме да го зборуваме тој нов јазик? Солза вели ќе ни се променел идентитетот. Што ќе станеме? Французи, Англичани… Што?

    • Ајде ЕДЕН Ти не си правник, туку стар истрошен апаратчик кои постојано прави глупости на сите места за да се додвори до шефот. Поим немаш од меѓународното право.
      Прво не знаеш во која гранка од меѓународното право е лоциран тн. проблем со името. Таа грана на право се вика ПРАВО НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ.
      Врска немаш и од Вовед во право. Не разликуваш ИДЕНТИТЕТ од ПРАВЕН ИДЕНТИТЕТ. Оттаму, се гледа дека, како и во случајот со твојот Заев, дека не знаеш ниту што е ПРАВЕН СУБЈЕКТИВИТЕТ!
      И покрај твоето апсолутно незнаење, се обидуваш да дискутираш со универзитетски професори, а имаш само факултетско образование.
      Со своите лаички коментари повеќе го брукаш твојот шеф Заев, кои впрочем има и многу помалку знаење од тебе, како искусен чиновник во администрацијата.

      Но твоето не знаење не е голем проблем. Ти се пред се СРАМ за Македонија и македонскиот народ, човек возрасен без морал и чест! Со три збора ти си Ѓубре од човек и шљам!
      Или поедноставно ти патолошки го мразиш својот народ и претставуваш најодвратен предавник и багра, со која човек со разум не треба да троши време.
      Ти си незналица и пензионирани истрошени пропалитет, кои во својата искривена свест има претстава дека прави нешто просперитетно и добро. Но права мизерија не си Ти, туку твојот комлет не-едуциран шеф Заев, човек без елементарен морал и култура.
      Со него на чело СДСМ е специфичен КОНТРА-КУЛТУРЕН феномен специфичен за ниско културна социјална локална средина.
      Со своето Анти-идентитеско дејствување издигнато на нивото на идеологија, испаѓате гротескни и патетични, што е само една од манифестации на деформирана свест во една паланка, која преку само-негирањето сака да влезе во општество на „големите”. Бедно!

  3. Според договорот Македонија ќе има обврска да информира 190 држави дека ќе биде „Република Северна Македонија”!!!
    Ние треба да НАПАРВИМЕ спротивно на Грчкиот план, и треба да побараме преостанатите држави во ООН да не признаат под Република Македонија, види повеќе:
    https://www.change.org/p/united-nations-solution-to-the-name-problem-of-the-republic-of-macedonia-in-the-un

Оставете Коментар