Грчева: Конечно се потврди бладањето на Заев дека немал црвени линии

Loading...

Солза Грчева, лидер на партијата Глас за Македонија и поранешна пратеничка, на својот профил на „Фејсбук“ го коментира најновиот развој околу прашањето за разликата за името.

„Конечно се потврди бладањето на Заев сред Солун дека тој немал црвени линии. Никогаш и немал. Денес и ‘Та Неа’ и ‘Катимерини’ објавуваат дека ‘нашиве’ се согласиле и на ерга омнес (Македонија се брише од сите тефтери и внатре и надвор), и на промени во Уставот. За тоа мораат да си обезбедат мнозинство во Собранието. Затоа им е дадена 1-2 години рамка. Нема да им е тешко како тргнала работата. Сето ова без национален консензус.

А парламентарните избори мислат да им ги наместат.
Затоа борбата мора да продолжи со најголема жестина, на сите фронтови. Обединети!“, порача Грчева.

 

2 Коментари

Comments are closed.