Грчева: Се мајтапат со нашата „храброст“ да се самоубиеме!

„Замислете, Македонија немала имотен лист. Ова го кажа Заев, за кого ниту АСНОМ не постоел, како што не постоел ни бугарски фашистички окупатор. Уште пред да тргнат да ја ретушираат нашата историја комисиите на Орвел, тој се одважи да ни каже дека сме живееле во ‘ништо’, самите сме ‘ништо’, сме пееле за ‘ништо’, умирале луѓето за ‘ништо’“, пишува претседателката на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева, во последната колумна за весникот „Вечер“.

Во продолжениие Грчева вели:

„Нè немало во светскиот Катастар. Човекот отиде дотаму што дури и ги размрда угоените стаорци од неговото дувло. Ги размрда дури и дрогираните опозиционери, кои, математички точно, деновиве се шетаа по светов. Се сетија конечно дека човеков што преговара за ‘ништо’ е спремен да даде ‘сешто’. Останаа уште неколкумина кои го бодрат да издржи и да раздаде сè на задушницата која ја спремаат. Бидејќи, да не се лажеме, Македонија нема да добие имотен лист, туку посмртница со обезбедена гробница. За да била членка на НАТО.

На оваа жртва мора да ни се смее и чуди целиот свет. Целиот, со сите можни членки на сите можни и неможни асоцијации во светот. Сите цивилизирани луѓе, сите поети, писатели, научници. Сите одважни земји кои нè признаа под нашето име и покрај стравотниот притисок од Грција, мора да се згрозени. Дури и Столтенберг и Жбогар мора да се мајтапат со нашата ‘храброст’ да се самоубиеме“.

Целиот текст од колумната на професорката Солза Грчева на овој линк.

Оставете Коментар