Грчева за Заев и „Монструм“: Правдата ќе излезе на виделина. И ќе си лежат

Солза Грчева, претседателка на партијата Глас за Македонија и поранешна пратеничка, реагира на обвинувањето од таткото на едно од убиените момчиња кај Смилковско Езеро до премиерот Зоран Заев дека манипулира и уценува со доказите.

„Каков е тој човек кој не дава докази, а тврдеше дека ги има, за убиените деца? На човеков му се дозволи да биде господар на животот и смртта. Поважна е крпеницата од влада, од оние несреќни родители…
И како тоа затворот во Штип дури сега кажал дека Азири избегал од затвор?…
Правдата ќе излезе на виделина, без гајле. И ќе си лежат…“, порача Грчева преку својот профил на „Фејсбук“.

 

Оставете Коментар