Грчка авиокомпанија од задутре со директни летови Атина – Скопје

Најавуваното поврзување меѓу Атина и Скопје со директни авионски летови ќе почне да се реализира од задутре, кога грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнз“ ќе го реализира првиот лет меѓу главниот градови на Грција и на Македонија по 12 години.

Директните конекции меѓу двете престолнини беа прекинати во 2006 година во знак на протест од Грција за одлуката на Македонија да го преименува скопскиот аеродром во „Александар Велики“, во кој беше поставена и статуа од војсководецот.

Во март годинава Владата на Заев го прекрсти аеродромот според името на главниот град и ја отстрани статуата, по што тогашниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, долета во Скопје со делегација дипломати на преговори за името на Македонија.

Почнувајќи од 1 ноември, „Ејџиан ерлајнз“ ќе лета од Атина до Скопје два пати неделно, во вторник и во четврток. Летот ќе трае околу еден час и 15 минути.

 

SHARE

Оставете Коментар