Грчка пратеничка: ПЈРМ не е подготвена да преговара за ЕУ

ПЈРМ не ги исполнува копенхашките критериуми и не е подготвена да ги започне преговорите за пристапување со ЕУ, изјави во четвртокот парламентарната пратеничка на најголемата грчка опозициска партија Нова Демократија, Марија Спираки.

Спираки го повтори ставот на грчката опозициска партија, Нова Демократија кој, според неа, е и ставот на грчкиот народ, „дека не го прифаќаат постоењето на македонскиот народ и јазик”.

„Сакам да им појаснам на луѓето во ПЈРМ дека има голем недостиг од спроведување на реформите. Ние сме тука да ги повикаме властите и политичките партии да продолжат со цел да ги спроведат законите што ги усвоија. Ние ја поддржуваме перспективата на ПЈРМ да биде интегрирана, но сé уште не е подготвена да добие датум”, додаде Марија Спираки.

SHARE