Грчката црква не го дава името „Македонија“, но не се меша во спорот!?

Поглаварот на ГПЦ, Јеронимос

Откако од архиепископот Јеронимус било побарано „да испрати порака дека никој не може да ја предаде Македонија“, поглаварот на Грчката православна црква изјавил дека тоа не е црковна, туку работа на парламентот.

„Не стануваме Грци само еден момент или на еден ден. Грци сме секој ден, секој час. Црквата зазеде став. Рече јасно дека никаде не го даваме нашето име, но тоа не е работа на црквата. Црквата не прави протести, граѓаните одбраа Парламент и Парламентот е одговорен за тоа. Грците се одговорни што гласаат, а Парламентот да ја води земјата“ рекол архиепископот Јеронимос кој присуствувал на отворање на изложба во градот Авлонас, јави МИА.

Во јануари годинава, во екот на големите протести за заштита на „грчкото име Македонија“ што се одржаа во Атина и Солун, од грчката Црква лиферуваа порака дека името Македонија „ги заокружува и кулминира иридентистичките ставови на Скопје“.

„Значи, ако сакаме да разговараме за ова прашање, мораме да бидеме подготвени да се справиме со тешки ситуации“,  изјави тогаш архиепископот Јеронимос.