Меѓународните пан-македонски здруженија испратија писмо до претседателот на САД, Доналд Трамп, во знак на протест поради договорот за меѓу Атина и Скопје, во име на поранешната југословенска Република Македонија.

Во писмото се вклучени многу историски информации кои укажуваат на тоа дека Скопје се обидува да ги узурпира историските факти за да изгради „нација“ од никаде и да воспостави националност и јазик кој е јасно фиктивен.

Во писмото исто така се наведува непочитувањето на грчката влада за волјата на народот за ова прашање, пишува „Greek reporter“.

Сега кога грчката влада го прифати името „Северна Македонија“ и постоењето  „македонски јазик” и „македонска националност“, протестите се интензивираа, но грчките медиуми ги минимизираат реакциите на луѓето и анкетите за јавното мислење, каде што мнозинството е против името на балканската земја.

Во исто време, грчката полиција демонстрираше невидена сила против демонстрантите, а грчката влада ги нарекува демонстрантите  „фашисти, националисти, екстремисти, фанатици” и други навредливи термини.

Оставете Коментар