Грчката ИБНА најавува оставка на Коѕиас, Преспанскиот во шкрипец

Грчката влада е во сериозна криза откако според грчката агенција ИБНА која е медиумска алатка на владата на СИРИЗА на Балканот, премиерот Ципрас е лут на двајца свои министри.

Конфликтот во владата во Атина се случува откако вицепремиерот Каменос предложи Балканска Безбедносна Унија на средба во Вашингтон а Ципрас подеднакво одговорен за Планот Б за Преспанскиот договор, го смета и шефот на дипломатијата Никос Коѕиас.

Најавувајќи ја оставката на Коѕиас ИБНА објаснува дека Коѕиас не е дел од СИРИЗА туку од политичкото движење ПРАТО (Јас делувам) кое е дел од владата и има 5 пратеници во парламентот во Атина.

Според ИБНА која е поддржана од кругови блиски на Ципрас, министерот Коѕиас е незадоволен од избалансираниот став на премиерот Ципрас кон Каменос и него, и затоа тој е одлучен “да го напушти владиниот воз”.

Според агенцијата, Коѕиас веќе ја доставил својата оставка која треба да биде објавена утре доколку нема драматична промена.

Ако оставката на Ципрас биде прифатена Грција влегува во криза која може да доведе до предвремени избори, најавува ИБНА која анализира дека ја внесе во хаос и во владата на Заев, ќе ги вознемири грчко – турските односи, Кипарското прашање, врските со САД и други теми.

Оставката на Коѕиас во Скопје ќе биде искористена од опозицијата која ќе има аргументи да тврди дека Грција се откажува од Преспанскиот договор, тврди ИБНА според која сега одлуката е во рацете на Ципрас.

SHARE

Comments are closed.