Комунистичката партија на Грција (ККЕ) утре недела ќе ја прослави стогодишнината од формирањето со серија политички и културни настани, вклучувајќи го и 20 Меѓународен состанок на комунистичките и работничките партии.

Генералниот секретар на ККЕ, Димитрис Куцумбас, ќе се обрати на меѓународниот собир на кој ќе учествуваат делегати од 91 комунистички и работнички организации од 73 земји.

На 100-годишнината од основањето на партијата истовремено во неколку кино-сали низ Грција ќе биде прикажан 100 документарниот филм “О дромос мас” (Нашиот пат) за историјата на партијата.

SHARE

Оставете Коментар