Грчки дипломат: Преспански договор може да наиде на пречки во ОН

Димитрис Москопулос, пензиониран грчки дипломат и поранешен амбасадор во Косово, смета дека Преспански договор, дури и да биде ратификуван во парламентите на Грција и на Македонија, би можел да наиде на пречки во Обединети нации.

„Ништо не е сигурно во овој свет“, изјави тој во интервју за Балканска истражувачка мрежа (БИРН), повикувајќи се на најавата од Министерство за надворешни работи на Русија од 3 октомври дека ќе побара за Договорот да заседава Советот за безбедност на ОН, бидејќи е во спротивност со меѓународното право и со македонскиот устав.

Според Москопулос, влогот околу договорот од Нивици е поголем за Македонија отколку за Грција, каде што смета дека може да помине само во сегашната политичка констелација во законодавниот дом.

„Договорот за името има шанса само ако дојде на ратификација во грчкиот парламент додека сегашната влада е на власт. Ако има избори во Грција пред тоа и Владата загуби, сегашната опозиција ќе го убие“, смета тој, очекувајќи СИРИЗА да биде поддржана од независни пратеници и на тој начин да ги надомести гласовите против од коалицискиот партнер Независни Грци.

Москопулос ги обвинува националистите во двете земји за проблемите во меѓусебните односи.

„Глупаво е во 21. век да се бориме околу тоа кој е вистински наследник на Александар Велики“, нагласува ексамбасадорот, но и додава дека македонски политичари често ги провоцирале грчките националисти.

 

SHARE

1 Коментар

  1. Руската Федерација да свика седницата на Советот за безбедност на ООН, на која Русија по дискусијата за случувања во Македонскио парламент ЌЕ ПРЕДЛОЖИ РЕЗОЛУЦИЈА НА СБ НА ООН (Советот за безбедност на ООН) во која ќе стои дека по референдумот во Македонија, Преспансиот договор пропадна и преговорите за името како такви пропаднаа, па земајки ова во предвид, Советот за безбедност на ООН ПРЕПОРАЧУВА на Генералното собрание на ООН да и продолжи членството на оваа држава под нњјзиното уставно име Република Македонија.

    ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ ВИДИ ПОТОА, ДАЛИ САД или некој друг ЌЕ СТАВАТ ВЕТО НА ВАКВАТА РЕЗОЛУЦИЈА НА СБ!
    АКО СТАВААТ ВЕТО, ЌЕ ИМАМЕ ИСТА СИТУАЦИЈА КАКО 1947. КОГА БЕШЕ ПОБАРАНО СОВЕТОДАВНОТО МИСЛЕЊЕ ОД СУДОТ 1947. И ИСТАТА РАЗВРСКА како 1948 те. резолуцијата со која се прифаќа СОВЕТОДАВНОТО МИСЛЕЊЕ ОД СУДОТ и се воспотавува уставното име Република Македонија во ООН! Ќе треба од Русија (и Турција) да се бара преку Генералното собрание на ООН СОВЕТОДАВНОТО МИСЛЕЊЕ ОД СУДОТ за дополнителните услови за прием на Македонија во ООН.
    АКО опет пример САД или некој друг НЕ СТАВИ ВЕТО, ЌЕ ИМАМЕ директно ГЛАСАЊЕ ВО ООН СО ПРОСТОТО МНОЗИНСТВО во Генералното собрание на ООН, КОЕ МОЖЕ ДА РЕЗУЛТИРА СО ВОВЕДУВАЊЕ НА УСТАВНОТО ИМЕ ВО ООН.
    Со тоа многу веројатно ќе биде воспоставено уставното име РМ во ООН.
    Ако има пречки ќе се побара од Генералното собрание на ООН СОВЕТОДАВНОТО МИСЛЕЊЕ ОД СУДОТ како што беше направено 1947. и потоа слично како 1948. суд ќе прогласи дополнителните услови за пријем (референцата, и преговорите) за дополнителни и нелегални. По прифаќањето на СОВЕТОДАВНОТО МИСЛЕЊЕ од страна на Генералното собрание на ООН, нема да може да се повеќе користи референцата и во истата резолуција со која се прифаќа СОВЕТОДАВНОТО МИСЛЕЊЕ ОД СУДОТ ќе се воведе уставното име Република Македонија во ООН.
    Тука постапката завршува.
    Иванов треба да напише писмо до Путин и побара средба со која ке бара Руската Федерација да покрене овие постапки. Со тоа Иванов ќе се спаси и дома.
    Користејќи истите ПРАВНИ причини за поставување прашања до судот како 1947 (кога беше поставено првото прашање), така и сега треба да се користат ваквите аргументи со повикување на преседанот од 1947. Потоа, доколку стигне предмет до судот, тој поради истите причини како 1948 треба да се прогласи за надлежен, користејќи го принцип RES JUDICATA (пресудена работа).
    На крај користејќи истата правна логика како 1948, судот треба да ги прогласи специфичните услови за ДОПОЛНИТЕЛНИ и нелегални, па потоа прифаќајќи го мислењето Генералното собрание нема да може повеќе да ја користи нелегалната референца во ООН. И во истата рез. со кое прифаќа ставот на судот воведува Република Македонија во ООН.
    Постапката за прием на некоја држава во членство на ОН е регулирана со член 4 од Повелбата во кој се утврдува (параграф 1) дека членството во ОН е отворено за секоја држава (1) која е мирољубива (2) , прифаќа да ги исполнува обврските содржани во Повелбата (3) и е способна (4) и има воља (5) да ги исполнува тие обврски, и дека (став 2) приемот во членство се врши преку одлука на Генералното собрание, а по препорака на Советот за безбедност. Во врска со разни условувања за прием на нови членки во ОН во текот на 1947 година Генералното Собрание се обраќа кон Меѓународниот суд на правдата (Резолуција 113 /2 – 1947) да даде советодавно мислење во врска со исцрпноста на условите наведени од (1) до (5) за прием во членство, односно дали држава – членка или орган на ОН, при своето гласање за прием на нова членка е „правно овластен“ својот глас да го стави во зависност од услови кои не се изрично предвидени во параграфот 1 од член 4. Во своето советодавно мислење судот дава негативен одговор на ова прашање. Генералното собрание, со својата резолуција (197/3- 1948) го прифаќа мислењето на судот и препорачува „на секој член на Генералното собрание и на Советот за безбедност при своето гласање за прием на нови членки да се придржува кон мислењето на судот”. Спрема мислењето на судот, условите од (1) – (5) во член 4 на Повелбата се:
    1. Правни правила (бидејќи Повелбата е меѓународен договор, а членот 4 е правна норма кон која треба да се придржуваат членките);
    2. Исцрпни (т.е. тие се потребните и доволни услови за прием; во спротивното нивниот број би бил неограничен и членот 4 би престанал да биде правна норма);
    3. Со свршен карактер (бидејќи врз основа на нивната исполнетост се оценува подобноста на државата за прием);
    4. Со изречен карактер (а не описни).
    Со признавањето од страна на Советот за безбедност дека државата – апликант ги исполнува условите од ( 1 ) – ( 5 ) од членот 4 на Повелбата, таа, заради универзалноста на организацијата, стекнува неотуѓиво и безусловно право за прием во ОН.

    При приемот на наша земја во ООН е направен ULTRA VIRES акт, односно државата е примена со дополнителни НЕЛЕГАЛНИ услови надвор од пропишаните во член 4 од Повелбата на ОН.
    Овие услови се: 1 Обврска за носење деноминацијата Бивша Југословенска Република Македонија; 2 Преговорите за името (сопстен правен идентитет) со друга држава.
    Според судскиот став на Меѓународен суд од 1948. г ваквите услови кои во време трансцедираат свршени услови за прием во ООН се НЕЛЕГАЛНИ.
    Според Судот (МСП) услови, посебни за македонскиот прием, се противни на Поевелбата на ОН (на член 4 од овој основен документ), односно според Советодавното мислење на Мегународниот суд на правда (од Хаг) од 1948 година, е искажан ставот дека за специфични услови надвор од општите пропишани во член 4, во време лимитирани, не смее да се гласа во ОН, ниту таквите услови можаат да бидат поставувани на кандидатот за прием. Ова Советодавното мислење на Мегународниот суд на правда од 1948 година беше прифатено и од Генералното собрание на ООН истата 1948, како толкување на член 4 на Повелбата.
    По откривањето на кршење на Повелбата на ОН при приемот на Република Македонија со нелеганите дополнителни услови, јас сум предложил стратегија за решавање на проблемот со името во ООН, која имала два модалитета. Првиот модалитет подразбира дека уставното име се воспоставува со политичкиот приод преку Резолуција на Генералното собрание на ОН (ГСОН), каде поагајки од Советодавното мислење на Мегународниот суд од 1948, и од фактот дека Република Македонија ја поминала постапката во Советот на безбедност на ОН со искажан став дека општите услови за прием се исполнети, треба да побара продолжување на македонското членство во ОН под уставното име Република Македонија. Имено, прифакајки ги ставовите на Мегународниот суд од 1948, со простото мнозинство од присутните и кои гласаат во ГСОН (според модел од 1948.), јас покажав дека Македонија може да го продолжи членскиот статус во ОН под уставното име Република Македонија (заменувајки ја референцата односно деноминацијата “the former Yugoslav Republic of Macedonia “).
    Вториот модел е правната варијанта во која предлагам еден мегу чекор, а тој е поставување прашање од ГСОН до Мегународниот суд за правда, слично како 1947, за тоа дали се специфични услови за прием на Македонија во ОН дополнителни во однос на пропишаните во Повелбата. По добивање на Советодавното мислење на Мегународниот суд дека условите се дополнителни односно дека референцата “the former Yugoslav Republic of Macedonia “, и преговорите за името се нелегани, при прифакањето на таквото мислње од Генералното Собрание на ОН би било воведено во ОН и правото на Република Македонија да го користи своето уставно име (односно со резолуцијатата на ГСОН членството би било продолжено со уставното име Република Македонија).
    Да потсетам, државите, според мегународното право, немаат ексклузивни права на државните имиња. Избор на државното уставно име е во строгата внатрешна јуридикција на секоја држава. Секоја држава, според мегународното право, има полна правна слобода при изборот на своето државно име. Името на држава е неотугиво и суверено право. Што се однесува до толкувањето на историјата, ниту една држава нема монопол при интерпретацијата на историиските факти и движења. Државното име, како такво, не влиае на историската интерпретација.

Оставете Коментар