Грчки новинар лее солзи за отфрлениот „неочекуван подарок“ од Заев

Спирос Сидерис, основач на Независна балканска новинска агенција (ИБНА), ја критикува грчката политичка елита за експресното отфрлање на предлогот од македонскиот премиер Зоран Заев неговата земја да се вика Илинденска Македонија.

„Од каде потекнува иредентизмот на БЈРМ против Грција под името ‘Илинден Македонија’, кое грчките политички партии толку лесно го отфрлија.

Првпат имаме име што нема иредентистички аспирации кон Грција. Првпат едно име ќе биде користено ерга омнес. Првпат има основа за конечно решение на проблемот со името. Име кое неотповикливо ја одделува грчкоста на античка Македонија од географскиот регион Македонија, кој го опфаќа поголемиот дел од БЈР Македонија.

Зоран Заев ѝ обезбеди на Грција сè што можеше и што му беше дозволено да даде во овие преговори. Можеби првпат дојдовме толку блиску до решение што е пристојно за двете страни.

Нема простор за игнорантски однос кон историјата. Не треба да бидеме заробени во минатото, кое обично го читаме на погрешен начин, наместо да градиме иднина без духови. Споровите со Бугарија се надминати, спорови што беа сè освен бескрвни во модерната историја на Грција, како што се случија со тие меѓу Германија и Италија.

Сметам дека и Горна и Нова Македонија кријат повеќе иредентизам од Илинденска Македонија, бидејќи тие сугерираат или континуитет од Античка Македонија поврзан со обичаи, традиции, култура или како поделена држава која со текот на времето треба да се обедини. Што се однесува до Вардарска, со или без Македонија, тоа се однесува на реката Вардар и долината што ја создава, во близина на својот крај во Солун…“, пишува Сидерис во анализата насловена „Неочекуван подарок фрлен во корпа за отпадоци“.

 

SHARE