Грчки новинари притворени по жалба од министерот Каменос

Издавачот и главниот уредник на грчкиот весник „Филелефтерос“ (Либерал) вчера беа уапсени поради напис во кој се тврди дека несоодветно биле трошени средствата од Европската унија за подобрување на условите во мигрантските кампови во Грција.

Новинарите беа уапсени по жалба на министерот за одбрана, Панос Каменос, чие министерство управува со финансиите од ЕУ. Во написот објавен во петокот се наведува дека некои од корисниците на средства од ЕУ нљаводно биле бизнисмени поврзани со Каменос.

Панајотис Лампјас, главен и одговорен уредник на весникот „Филелефтерос“, изјави за АП дека „сме во полицискаа станица во Егзархија, каде што ќе ја поминеме ноќта и веројатно ќе бидеме испратени кај обвинител“.

Опозициските партии го осудија притворот. Конзервативната партија Неа демократија го обвини министерот за одбрана за насилно однесување и рече дека вистинското прашање е несоодветното управување со фондовите.

кампот Мориа

„Без разлика дали тој сака или не, [Каменос] ќе биде повикан на одговорност за националниот срам наречен (кампот-н.з.) Морија“, се вели во соопштението на НД. „Истото важи и за неговите наводно левичарски чувствителни колеги-министри кои секојдневно ја понижуваат човечката егзистенција и го оцрнуваат имиџот на Грција низ целиот свет“, се вели во соопштението на Неа демократија.

SHARE