Грчки пратеник „менува дрес“, се приклучи на опозицијата

Јоргос Кацантонис независен пратеник од Лариса, се приклучува на парламентарната група на опозициската Неа демократија, а тоа ќе биде формализирано денеска на средбата со Киркакос Мицотакис.

Со него, парламентарната група на Неа демократија ќе има 77 пратеници.

Во писмото со кое најави пристапување кон кон НД, Кацантонис апелира до сите центристи, прогресивни и реформски сили да ја подржат партијата на Мицотакис.

Во еден дел од писмото, Кацанотис изнесува јавно спротивставување на преспанскиот договор.

„Сакам да бидам апсолутно јасен. Сметам дека национално е штетeн договорот потпишан со Скопје и јас ќе бидам последен во овoj парламент кој би гласал за него“.