Грчки професор од Бугарија: Договорот од Преспа ќе пропадне!

Економистот, бизнисмен и универзитетски професор во Бугарија, Јоаким Каламарис, предвидува пропаст на договорот од Преспа и оти „тоа ќе бидат празни страници во историјата“.

Прашањето за името на Македонија тој го нарекува фарса и прогнозира дека Грција нема да го ратификува договорот пред изборите, кои нема да бидат подоцна од февруари 2019 година.

„Политичките слуги на народот во лицето на СИРИЗА имаат желба, но тие немаат добиено полномошно од народот и нема начин тоа да се случи. Тие може да го ратификуваат договорот во Парламентот, може да си го ратификуваат со Зоран Заев, но нема како да го ратификуваат без срцата на граѓаните и таму ќе наидат на отпор“, изјави Каламарис за бугарското радио Фокус.

Според него, предлогот на грчкиот министер за одбрана Панос Каменос за создавање балкански воен сојуз и за гарантирање на територијалниот интегритет на Македонија од соседите е „внатрешнополитичка претстава за пред избирачите“. На тој начин, смета Каламарис, Каменос се обидува да ги балансира расположенијата по референдумот во Македонија.

„Договорот од Преспа е иницијатива на владеачката партија СИРИЗА, која никогаш не беше споделена од народот“, оценува професорот и бизнисмен.

 

Оставете Коментар