Грција бара „Турски тек“ да минува низ нејзина територија

Алексис Ципрас изјави дека Грција е во преговори со Европската унија со цел проширување на рускиот гасовод „Турски поток“ низ Грција преку кој би се транспортирал гас за други земји на ЕУ.

Грчкиотпремиер го изјавил ова во интервју за руската државна новинска агенција ТАСС, објавено вчера ден пред неговата официјална посетана Москва .

„Ние преговараме (за тоа) во Европската унија“…„Верувам дека нашите аргументи се силни, упорни семе и трпеливи и верувам дека можеби ќе имаме позитивни резултати и во иднина“, вели Ципрас, според кој Русија е важен партнер во енергетскиот сектор, бидејќи има богати извори на енергија.

Путин во Грција гледа сојузник во ЕУ, а Ципрас сака неговата земја да одигра клучна улога за вториот крак на „Турски поток“ со годишен капацитет од 15,75 милијарди кубни метри.

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ ја заврши првата линија од 15,75 милијарди кубни метри за потребите на Турција и соопшти дека постои можност вториот крак да оди преку Бугарија, Србија, Унгарија кон ЕУ.

„Газпром“ реши: „Турски поток“ ќе минува низ Бугарија, Србија…

 

SHARE

Оставете Коментар