Грција доби Договор во вистинско време – во иднина би добила многу полош

Договорот со ПЈРМ има негативни и позитивни страни, но вистинското прашање е дали било кога во иднина Грција би можела да добие уште повеќе поволности. Атински „Катимерини“, образложувајќи дека Грција практично извлекла максимум од преговорите поставува хипотетичко прашање дали е возможно, доколку актуелниот Договор пропадне, некогаш некоја идна грчка Влада да издејствува нов и подобар и веднаш потоа на сопственото прашање дава одречен одговор.

„Ако се земе предвид бесот на јавноста во ПЈРМ поради потпишувањето на Договорот, таквото сценарио изгледа нереално. Претседателот Иванов како и главната опозициска партија, но и значаен дел од граѓаните, ја обвинуваат Владата за велепредавство. Доколку останеме уште деценија или две без постигнат компромис околу името, само ќе го охрабриме македонскиот национализам уште повеќе. Со тоа, перспективата за постигнување некаков Договор станува бледа. А во меѓувреме остатокот од светот ќе ги нарекува нашите соседи едноставно Македонци“ – пишува Василис Сарафидис во својот коментар за угледниот атински медиум.

Во коментарот се појаснува дека Северна Македонија е успешна и за Грција поволна промена на статус-квото кое постоеше над 20 години, со потсетување дека во меѓувреме речиси целиот свет грчкиот северен сосед го признавал како Република Македонија, а неговите граѓани како Македонци. Се објаснува дека Северна е подобра опција од сите останати предлози на медијаторот Нимиц, бидејќи се реферира на држава која се наоѓа на северниот дел од географската територија Македонија и дополнително им го гарантира на грчките Македонци заштита на нивниот идентитет и богато културно наследство.

1 Коментар

  1. Da so predavnicite od makedonska strana grcite dobija super dogovor. Dobro sto ne pobaravte da se samoubieme. Crpnatiot i toa ke go prifatese i veke ke ne postroese na plostad.

Comments are closed.