За Грција ќе бидеме „Север Македонија“ без „Република“ и без превод

Договорот Ципрас-Заев постигнат вчера и кој се очекува да биде потпишан викендов, се уште не е целосно достапен до јавноста.

Во Грција денеска беше објавен „нон-пејперот“, а веќе се појави и македонски превод од кој содржи многу „креативни“, но и изненадувачки решенија .

На пример членот 3 во кој се вели:
„Името „Република Северна Македонија“’, кое во нашата земја ќе биде признаено како „Северна Македонија (без англиски превод)“ става крај на иредентизмот во името „Република Македонија“, кое е уставно име на соседот и кое е признато од повеќе од 140 држави во билатералните односи, вклучувајќи ги САД, Русијаи Кина“.

Дали ова значи дека официјална Атина во комуникацијата со Скопје ќе се обраќа со непреведено „Северна Македонија“ на латиница или преведено на грчки, веројатно ќе следи толкување.

Односно прашањето дали ова значи „враќање“ на двојната формула што беше и првиот предлог на македонската страна која бараше со уставното Република Македонија да функционираме во меѓународниот сообраќај, а Грција да ни се обраќа како сака.