Европската комисија му додели уште 20 милиони евра на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) за подобрување на условите за прием во Грција, особено на островот Лезbос, се вели во денешното соопштение.

Дополнителното финансирање треба да помогне во управувањето со објектите на островот Лезбос, да ги поддржи проектите на локалните заедници и да обезбеди понатамошно сместување на итни случаи на островите, соопшти Комисијата.

За решавање на миграциски предизвици во Грција од 2015 година до денес се доделени 1,6 милијарди евра.

Оставете Коментар