Грција подготвена за ЕУ и НАТО – „Покриени“ сите освен Унгарија и Турција

Грчките амбасадори во Европската Унија и НАТО деновиве брифирале до владата во Атина дека успешнно се спроведени сите инструкции добиени во пресрет на самитот на ЕУ на 27/28 јуни и самитот на НАТО на 10/11 јули.

Дипломатите известиле дека се направени длабински консултации со сите „специфични“ земји членки на унијата и на северно атланската алијанса и дека дипломатски се „покриени“ сите членки на двете меѓународни организации.

Во брифингот на амбасадорите се тврди дека во сите направени консултации со претставници на земјите членки нема најава дека некоја би направила огромен проблем околу ново вето за Македонија ако дотогаш не биде решен проблемот со името.

Единствени земји членки кои што не дале никакви гаранции за поддршка на грчките позиции на самитите се Унгарија за ЕУ и за НАТО и Турција само за НАТО.

Унгарија е меѓу неколкуте земји членки на ЕУ која традиционално поставува незгодни прашања за Македонија на сите европски и НАТО форуми и за неа овој пат грчките амбасадори во Брисел имале посебни инструкции.

Сличен е случајот со Турција во НАТО каде што Анкара инсистира на фуснота во која пишува дека ја признава ФИРОМ под уставното име.

Во анализата на грчките власти сепак не се очекува дека официјална Анкара би можела да направи сериозни проблеми на самитот на НАТО затоа што ќе нема отворена поддршка од други земји освен можеби од Унгарија на Орбан кој според грчките амбасадори во моментов има „лимитирано влијание на одлуките на ЕУ“.

Грчките аналитичари дополнително сметаат дека Турција нема да крева тензии поради „постудениот“ став кон Македонија за учеството на прославата на трансферот на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим како и незатварањето на училиштата и организациите во земјава под контрола на Фетула Ѓулен.

Меѓу земјите кои што не најавиле посебни прашања на самитот во врска со Македонија нема ниту една од таканаречената „Стара Европа“ ниту пак од новите членки.

Во однос на Бугарија која уште 20 дена е претседавач со ЕУ затоа што грчките дипломати а предходно и премиерите Ципрас и Борисов договориле принцип на „немешање во грчко – македонскиот“ спор се до финалното решение.

Проблеми и лобирања за Македонија не се очекуваат ниту од Албанија, Хрватска и Словенија за која што постои страв во Атина дека би можела да предизвика тензии но поради тоа што до двата самита земјата нема да формира нова влада не се очекуваат посебни проблеми од Љубљана.

Според очекувањата Грција може да се најде во лоша дипломатска ситуација ако на самитите остане сама при носење одлука или при пишувањето на заклучоците поврзани со Македонија.

Освен отворена поддршка од Кипар како втора грчка држава во Брисел на крајот на јуни и почетокот на јули Грција може да не добие отворена помош од Бугарија, Франција, Шпанија, Португалија, Луксембург како што тоа се случи во Букурешт пред 10 години.

Ваквиот развој на настаните е непосакуван за грчкиот премиер Ципрас затоа што Грција досега во ниту едно важно прашање во ЕУ и НАТО не останала со јасна поддршка само од официјална Никозија и тоа ќе биде дипломатски пораз кој може да биде вовед во нови лоши сценарија поврзани со Македонија во иднина, се вели во анализата која што била подготвена за министерот Коѕиас и кабинетот на премиерот Ципрас.

Грција во меѓувреме паралелно со преговорите со Македонија се подготвува и за „планот Б“кој се антиципира во Атина а кој expres.mk ќе го објави до крајот на денот.

4 Коментари

Comments are closed.