Euro coins are seen in front of a displayed Greece flag in this picture illustration, June 29, 2015. REUTERS/Dado Ruvic/File Photo

Со договор за грчкиот долг завршија тешките преговори на синoќешната 7 часовна средба на министрите за финансии од еврозоната во Луксембург.

Последната транша од помошта ќе изнесува 15 милијарди евра, јави „Катимерини“.

Исто така, беше договорено и 10-годишно репрограмирање на долгот.

Тиоа ќе ѝ овозможи на  на Атина да излезе, како што се очекуваше, од „старателството“ на доверителите на 20 август и са,а да се рефинансира на пазарите по неколкугодишната длабока рецесија.

Долгот на Грција и понатаму останува висок и изнесува 180 насто од БДП.

Грција доби милијарди евра од тројката кредитори, но мораше да воведе строги мерки на штедење и непопуларни реформи кои доведоа до масовни протести во земјата.

Владата на СИРИЗА дури одржа референдум против штедењето.

Во изминатите осум години, Атина доби повеќе од 270 милијарди евра помош.

SHARE