Грција прифатила „македонски јазик“ и МК, шансите за договор 60:40?!

Грчката телевизија Стар тврди дека Грција во разговорите за разликата за името на Македонија дала зелено светло за „македонски јазик“ и за меѓународниот код МК за северниот сосед.

Според неофицијални грчки владини проценки, шансите за изнаоѓање решение се 60:40, додава телевизијата.

Во врска со името, ТВ Стар известува дека македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на маса го фрлил предлогот „Крушевска Македонија“ како замена за одбиената „Илинденска Македонија“, но се чини дека и тоа е неприфатливо за Грција.

Според Катја Макри, коментаторка на главните вести, ако нема конечен договор меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, тогаш името ќе биде едно трите преостанати во игра: „Северна“, „Горна“ и „Нова“ Македонија.

Макри вели дека веќе е постигнат договор за голем број клучни прашања, но камен на сопнување во разговорите останува опсегот на употреба на новото име. Димитров му рекол на својот грчки колега Никос Коѕијас дека не може да прифати ерга омнес, за што ќе решаваат Заев и Ципрас.

 

4 Коментари

Оставете Коментар