Грција протерува руски дипломати!

Грчката Влада одлучи да протера двајца руски дипломати и да им забрани влез во земјата на други двајца, откако ги обвини за мешање во внатрешните работи на земјата и за незаконски дејствија против националната безбедност на Грција, пишува. „Катимерини“.

Руските дипломати се обидоа да се здобијат и да пренесат важни информации, како и да поткупат државни службеници, но ова било спречено.

Министерството за надворешни работи во Москва денес соопшти дека ќе одговори на протерувањето на  дипломатите, објави новинската агенција Интерфакс.

Извори на весникот тврдат дека за паричен надомест руските дипломати се обиделе да наметнат влијание во некои општини, меѓу митрополити во грчката православна хиерархија во Света Гора.

Дипломатските извори за весникот ги споменуваат и напорите на Русија да се вмешаат во чувствителното прашање, договорот меѓу Грција и Република Македонија за името, и на тој начин да влијае негативно на улогата на Грција на Балканот.

Тие додаваат дека одлуката за протерување се однесува само на одредени поединци и генерално не ги менува добрите намери на Грција кон Русија.

Извори за „Катимерини“ додаваат дека доколку Москва преземе „одмазнички мерки“, тоа само ќе доведе до понатамошно влошување на односите меѓу Грција и Русија.

1 Коментар

  1. Картата на денешниов свет, каков што го знаеме, е правена во 17 и 18 век. Време е за нови карти во кои нема да фигурираат вештачки држави и измислени нации од страна на австроунгарците, германците и англичаните!

Оставете Коментар