Грција трета по директни странски инвестиции во Македонија

Според странските директни инвестиции (СДИ) Грција е рангирана на високото трето место во Македонија.

Документот што го објави Бирото за економски и трговски прашања покажува дека грчките директни инвестиции во 2017 година изнесувале 5,54 милиони евра.

Во однос на вкупните кумулативни СДИ од 1997-2016, Грција е трета по Австрија и Обединетото Кралство, со 463,4 милиони евра.

Најголем дел од инвестиициите влегле во секторот услуги (29,5 отсто), потоа во рударството/каменоломите (15,1 отсто), трговијата (8,3 %) и во земјоделството / рибарството 4,3 проценти.