Грција започна „Blame game“ дипломатија, Македонија во цајтнот

Грчките дипломати во десетина земји во ЕУ и во САД уште во четвртокот наутро добиле инструкции од министерот за надворешни работи Никос Коѕиас да започнат со интензивни дипломатски активности во врска со спорот со Македонија.

Целта на инструкциите е во земјите кои што може да поставуаат „незгодни прашања“ на самитот на НАТО и самитот на ЕУ во Брисел да се презентира грчката позиција во светлина на последните настани.

Според нон – пејперот кој што во петокот го објави грчката влада преку неформални канали, Грција не гледа можност за брзо затворање на спорот за името затоа што Скопје не е подготвено да го спроведе договорот кој што предходно бил постигнат во Брисел меѓу двајцата министри Димитров и Коѕиас.

Грчки владини извори брифираа дека Македонија се повлекува од делови од договорот постигнат со посредство на медијаторот Нимиц и дека проблем било именување на нацијата и јазикот.

Веднаш потоа од Атина се врати македонската дипломатска екипа која работеше на деталната разработка на договорот меѓу двете земји. За време на работата на меѓувладиното тело на површина излегле разлики кои што не можеле да бидат надминати ниту по консултации со министерот Димитров и премиерот Заев.

Според инструкциите од грчкото МНР грчките дипломати имаат за цел почнувајќи од минатата недела пред своите партнери во билатералните претставништва но и во мултилатералата (ЕУ, НАТО и системот на ОН) да прикажат дека во Атина има расположение за решение на спорот но дека Македонија е таа која што го кочи процесот.

Меѓународни набљудувачи кои имаат увид во состојбите во спорот велат дека Грција започнала таканаречена „Blame game“, дипломатија односно дипломатија која има за цел да ја оцрни другата страна што може целосно да го блокира процесот доколку Македонија не се согласи на уцените од Атина.

Барањата на Атина според изворите на expres.mk се Македонија да прифати буквално се што очекува Грција што би било премногу дури и за една слаба и немоќна држава како Македонија.

Во наредниве денови се очекува поинтензивно инволвирање на неколку големи сили во процесот при што се очекуваат неколку важни средби на кои треба да се испеглаат разликите и да се откочи процесот до крајот на јуни кога во Брисел заседава Советот на ЕУ.

2 Коментари

  1. Ако САД и ЕУ сакаат спорот да се реши, нема да ги интересира кој е виновен што спорот не се решил.. Ако САД и ЕУ сакаат Македонија да влезе во НАТО и ЕУ тие нема да се задоволат што поради една или друга страна не се остврил нивниот интерес, туку ќе настојуваат да се оствари тоа што е нивни интерес. Ако САД и ЕУ имаат интерес Македонија да влезе во НАТО и ЕУ, нема да дозволат никој и ништо да ги спречи Македонија да ја примат во НАТО и ЕУ.

Оставете Коментар