Почнаа протестите на „македонскиот хеленизам“ во 23  градови во Грција.

Илјадници луѓе со транспаренти со испишани пароли „Македонија е грчка“ и со грчлки знамиња од попладневните часови ги окупираа плоштадите во Пела, Кавала, Драма, Серес, Кукуш Поликастро, Лагада, Касандра, Воден, Лерин, Костур, Кожани, Птолемаида, Катерина, и Статица и Верија.

Демонстрации, исто така, се одржуваат во Лариса, Тива, Јанина, на Родос, Ќаниа, Крф и Халкида.

Организаторот „Хеленскиот комитет на Македонија“,ги повика луѓето да пристапат на митинзите со грчки знамиња и без партиски обележја.

Централниот собир е во Пела, од симболични причини, како родно место на Александар Велики.

 

1 Коментар

Оставете Коментар