Грчката дијаспора бара поништување на Преспанскиот договор

Панхеленската федерација на културните здруженија на Македонците и 13 Пан-македонски здруженија на прекуморските „Македонци“  бараат поништување на Преспанскиот договор, потпишан на 17 јуни 2018 година, помеѓу министрите за надворешни работи на Грција и Македонија.

Тие, според грчки медиуми, бараат да се укине Преспанскиот договор бидејќи го крши членот 27 од Уставот на Грција, според кој, пред потпишувањето на договорот,  претходно било гласање во грчкиот парламент, со зголемено мнозинство.

Натаму , бил прекршен и принципот на народен суверенитет, член 1, став 3, поради тоа што договорот беше потпишан и покрај противењето на грчкиот народ кон кое било име и без одржување референдум.

2 Коментари

  1. Грчката дијаспора, грчката опозиција, грчките националисти, грчките фашисти се борат за интересот на Република Македонија, заедно со протестантите пред македонското Собрание.

  2. Од афера со патлиџаните се гледа каков формат е Никола Димитров!
    А за форматот на Заев и да не зборуваме!

Comments are closed.