Грците порачаа дека не го даваат името „Македонија“!

Нема официјални податоци за бројот на учесниците во денешните протестите за одбрана на „грчкоста на името Македонија“ во Грција.

На протестите кои почнаа симултано во 19,30 часот 23 градови, а завршија нешто по 21,30  не е регистрирано никакво насилство.

Опремени со грчки знамиња, знамиња со религиозни симболи, демонстрантите извикуваа слогани како „Грција значи Македонија“ и “Рацете настрана од Македонија“, додека говорниците на митинзите ја критикуваа владата и министрите за нивните изјави околу прашањето за името и актуелните преговори за тоа.

Меѓу нив беа и многу политичари од опозицијата, претставници на локалните власти и претставници на организации, додека Грчката православна црква имаше беше „присутна“  преку претставници од сите епархии од грчкиот регион Македонија.

Централниот митинг се одржа во Пела, родниот град на Александар Македонски.

3 Коментари

  1. Зоран Заев и Никола Димитров се причина во Македонија да се врати смртната казна. Ова важи и за останатите кои пред нив истото го правеа.
    Зоран Заев и Никола Димитров ја заслужиле смртната казна поради најтешко кривично дело велепредавство на јазикот, културата, историјата, верата, нацијата и државата!
    Промената на името на државата и идентитетот на нацијата не е демократија, слобода на мисла и јавно изразување на мислата, туку флагрантно кршење нз Устсвот и на меѓународното право, најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува!
    Ваква повреда на угледот на Република Македонија (член 178), излагање на подбив на Македонскиот народ (член 179), велепредавство (член 305), загрозување на независноста (член 308), терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста (член 313), здружување заради непријателска дејност (член 324), злоупотреба на службената положба и овластување (член 353), и самовластие (член 392) од Кривичниот законик, Македонскиот народ и Македонија ниту во ропство не доживеале!
    Зоран Заев и Христијан Мицкоски треба да застанат пред огледало и да се запрашат: Дали ЕУ и НАТО се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата?! Или ќе останеме дел од биографијата на еден старец пред умирање кој “го решил спорот на Атина за нашето име Македонија”!
    Зоран Заев и Христијан Мицкоски треба да разберат, дека ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!
    Зоран Заев и Христијан Мицкоски треба да се потсетат дека Македонците, по род и државјанство, во апсолутно мнозинство на референдумот од 8 септември 1991 година гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА” без додавки и без придавки! Одлуката на референдум по Устав за сите е задолжителна, без исклучок!
    Со промена на името на државата и идентитетот на нацијата се врши државен удар врз уставо-правниот поредок на земјата!
    Со промена на името на државата и идентитетот на нацијата се рушат правната држава, правата и слободите на еднаквите и рамноправните!
    Затоа јавново обраќање до Заев и Мицкоски, кои сте Вие да го менувате јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ?
    Кои сте Вие да го менувате името на државата Македонија!
    И припомнете си: Не постои парче земја ненатопена со крвта на милиони знајни и незнајни јунаци и борци кои загинале за слободата на Македонија, за слободата на Македонскиот народ и за Македонска држава!
    Зарем после илјада години возобновена Македонија, си зедовте за право да ја егзекутирате државата и нацијата со шарлатанско водење на политика, вредна за потсмев пред светот, нациите и државите?!
    Заев рече дека СДСМ повеќе не е македонска партија. Заев рече и дека СДСМ повеќе не е патриотска партија. Но, зарем сите во СДСМ заборавија дека ова е држава Македонија, во оваа држава Македонија живеат Македонци кои зборуваат Македонски јазик?! Зарем ниту еден не може да му рече на Заев: Царот е гол! Доста е! Па ова не е фирма на Заев и Мицкоски, ова е држава и наша и Ваша, на сите, на живите, умрените и неродените!
    Спасете ја нацијата и државата од велепредавството на врховистите и колаборационистите и ставете крај на оваа агонија и национална драма!
    Со сите разлики меѓу нас Македонците, по род и државјанство, во светот и во татковината, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател. Со Македонија постоиме, без Македонија сите заедно ќе исчезниме!
    Промената на името на државата и идентитетот на нацијата е антипод на “едно општество”. Со промената на името на државата и идентитетот на нацијата, од државата ќе остане поделена територија и растурена нација… Ќе го посерте семето на злото во коешто ќе тлеат предуслови за граѓанска војна…
    Или ќе ве паметат како спасители на нацијата и државата или како соучесници во велепредавството врз Македонците и Македонија!
    И за крај, пресудата, ќе дојде ден, ќе се изврши! Нема да го избегнете судот на правдата, на историјата и на народот!

Оставете Коментар