Грците порачаа дека не го даваат името „Македонија“!

Нема официјални податоци за бројот на учесниците во денешните протестите за одбрана на „грчкоста на името Македонија“ во Грција.

На протестите кои почнаа симултано во 19,30 часот 23 градови, а завршија нешто по 21,30  не е регистрирано никакво насилство.

Опремени со грчки знамиња, знамиња со религиозни симболи, демонстрантите извикуваа слогани како „Грција значи Македонија“ и “Рацете настрана од Македонија“, додека говорниците на митинзите ја критикуваа владата и министрите за нивните изјави околу прашањето за името и актуелните преговори за тоа.

Меѓу нив беа и многу политичари од опозицијата, претставници на локалните власти и претставници на организации, додека Грчката православна црква имаше беше „присутна“  преку претставници од сите епархии од грчкиот регион Македонија.

Централниот митинг се одржа во Пела, родниот град на Александар Македонски.