Грците се пишманија, нема летови Атина-Скопје

Само по 2 часа откако било доставено, грчката авиокомпанија „Ејџијан Ерлајнс“ вчера го повлекла барањето до македонските воздухопловни за одобрување летови на релација Атина – Скопје.

„Нема образложение за повлекувањето на барањето“, изјавиле од Агенцијата за цивилно воздухопловство, за весникот „Независен“.

Како беше најавено, првиот лет на оваа авионска линија, која беше укината пред 10 години, требало да стартува на 1 ноември.

SHARE