Преспанскиот договор мора да биде напуштен сега и покрај оптимистичката илузија дека ги решава проблемите, препорачува професорот Костас Гривас од грчката Академија за економија.

Според него „изјавите на Заев, дури и ако бидат повлечени, укажуваат на почеток хибридна војна која БЈРМ ќе ја започне по Спогодбата со цел да се подобри положбата во дистрибуцијата на моќ на Балканот“.

Гривас оценува дека во исклучителната геополитичка активност, покрај големите играчи и земјите од регионот сакаат да се здобијат со најдобра можна позиција.

„Албанија веќе го прави тоа во сите други балкански земји“, вели Гривас.

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар