Гркинка се обидела да прошверцува бебе во торба преку граница

33 годишна жена се обидела да премине од Македонија во Грција преку граничниот премин Евзони, со двомесечно бебе во багажот.

Според грчки медиуми, Гркинката пробала да мине преку пасошка контрола на границата во понеделникот.

При преглед на нејзиниот багаж цариниците го нашле детето во една од нејзините торби.

По проверката на идентитетот на жената, откриено е дека жената претходно била осудена на три години затвор за кражба од страна на суд во Солун.

По бегството од Грција, се верува дека жената живеела во Македонија каде што го родила детето.

SHARE