Гром запали автобус во движење во Грција

Меѓуградскиот автобус целосно изгоре по удар од гром, но за среќа нема повредени, соопштија од противпожарната служба.

Настанот се случил на патот од Александрополис до Орестијада, во близина на границата со Турција.

Громот го погоди автобусот за време на попладневниот силен дожд, пропратен со грмотевици.

Кога автобусот се запалил, возачот го запрел и ги евакуирал 12 патници и кондуктерот.

Како што пренесува АП, нема повредени, а во гасењето учествувале 18 пожарникари со шест противпожарни возила.