Груба грешка на судењето за 27/4, укината презумпцијата на невиност

На судот многу му се брза за 27 април е оценката на независни набљудувачи упатени во судскиот систем откако денеска на рочиштето за инцидентите во собранието, два пати беше прекршен законот во еден ден.

Скопскиот кривичен суд денеска на едно рочиште направи два чекори спротивни на Законот за кривична постапка на судењето за обвинетите за 27 април.

Случај 1

Судот денеска го прекрши принципот на презумпција на невиност откако во текот на испрашување на обвинетите беше поставувано прашање “Дали признавате вина” а не како што е дозволено во ЗКП “Дали обвинетиот се чувствува виновен”.

Според сите домашни и меѓународни стандарди се додека не биде утврдена вина обвинетите се невини со што се почитува таканаречениот правен институт “Презумпција на невиност.

Со вака поставено прашање судот обвинетите ги третира како да се веќе виновни и ги потврдува шпекулациите дека веќе е донесена политичка пресуда која што судот треба само да ја реализира притоа кршејќи го законот, што според упатените, само по себе носи правни последици за прекршителите.

Наскоро следува и грешката на судот број 2 во врска со судењето за 27 април.

1 Коментар

Оставете Коментар