Груби: Од договор за името нè делат денови

Говорејќи за процесот за името во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, пратеникот на ДУИ, Артан Груби, рече дека денови се во прашање до потпишувањето на договорот за надминување на спорот за името.

Груби нагласи дека како партија и како дел од власта биле целосно вклучени, па дури и помогнале да се дојде до решение за името во делот на преводливоста во патните документи на националноста на припадниците на останатите етнички заедници во Република Македонија.

Пратеникот кажа дека решението целосно ги гарантира македонскиот јазик и идентитет и дека тоа треба да се очекува меѓу еден од предлозите на Нимиц што не е отфрлен, а тоа се Северна, Горна или Нова или во некое друго покреативно. Во врска со барањето на лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, за дуел со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Груби рече дека Села не е достоен за дуел со Ахмети.

Во врска со Законот за употреба на јазиците , Груби не исклучи можност тој да го чека новиот претседател на Република Македонија, наредната година иако рече и други опции се на маса. Во врска со претстојните претседателски избори , внатре во коалицијата со СДСМ се разговарало за консензуален кандидат и дека двете партии ја испробале поддршката една со друга на локалните избори. Груби го спомена Лазар Еленовски како еден од можните нивни кандидати како фаворит за изборите за шеф на државата наредната година.

Околу можноста Ахмети да се повлече од претседателската функција во ДУИ, Груби кажа дека не станува збор за негово повлекување и тоа се непостоечки теми во ДУИ за сменување на Ахмети кој е во одлична здравствена состојба и кондиција и ќе ја предводи ДУИ на наредните претседателски избори. Груби кажа дека како партија биле подготвени и за предвремени парламентарни избори или кога и да се тие.

Најновата емисија „Само вистина“ овде.

 

1 Коментар

Оставете Коментар