Груевски: Ако се согласев на с’е што сакаа Грците …(ВИДЕО)

На денешната прес-конференција, поранешниот премиер Никола Груевски ги отфрли наводите дека тој во 2008 година прифатил промена на името за земјата во „Северна Македонија“.

„Ако се согласев на сè што сакаат Грците, ќе се согласите дека сè ќе беше поинаку денес. Јас сум човек со принципи и достоинство”, рече Груевски.

По објавената тајна телеграма на поранешната амбасадорка Џилијен Миловановиќ на Викиликс, медиуми во Грција и во Македонија објавија дека тогашниот премиер бил подготвен да го прифати името Република Северна Македонија, под услов Грција да го признае  македонскиот јазик и македонска националност.