Груевски добил азил во Унгарија!?

Поранешниот македонски премиер, добил азил јавува „ексклузивно“ унгарскиот портал, „Magyar Idok“, кој сепак не можел да добие потврда за таквата информација.

Законските услови за азил на Никола Никола биле утврдени со детална истрага на апликацијата на поранешниот македонски премиер од Канцеларијата за имиграција и азил пишува унгарскиот портал.

Според порталот власта наводно го разгледувала тврдењето на Груевски дека неговиот живот ќе биде во опасност во неговата земја.

„Канцеларијата за имиграција дошла до заклучок дека враќањето на Груевски во неговата земја ќе биде предмет на прогон од власт поради неговото политичко минато и мислење и обвинувањата од новата влада“, пишува порталот.

SHARE