Груевски не ја слуша пресудата, нема застарување на делото

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска не се појави во судница да ја слушне лично пресудата во случајот Тенк каде што е третообвинет.

Според законот обвинетиот не мора да биде присутен за време на изречување на пресудата.

Според воведните образложенија на судијката Добрила Кацарска која што го води процесот јасно е дека во случајот со тројцата обвинети за набавка на блиндирано возилото „Мерцедес сл 600 гард“ Ѓоко Поповски , Гордана Јанкуловски и Никола Груевски ќе има осудени.

На социјалните мрежи предходно се појавија шпекулации дека Груевски може да добие меѓу една до три години затворска казна.

кацарска во образложението на дел пресудата цитираше делови од разговори меѓу Гордана Јанкуловски и НИкола Груевски во кој било речено дека „Нема маневарски простор некој да ги зезне“.

Според судот предмет на обвинение не е оправданоста за набавка туку за фаворизирање на фирми во трговскиот промет.

Судот смета дека за овој случај нема застарување на делото затоа што постои прекин на застарување на делото затоа што тој има уште други 5 обвиненија за кривични дела.

Пресудата за Тенк која треба да биде изречена денеска е првата пресуда по обвиненија подннесени од СЈО за прислушуваните разговори.

Comments are closed.