Груевски за 20 дена ќе оди во затвор, вели Јанева (ВИДЕО)

Обвинителката на СЈО, Катица Јанева, во синоќешното гостување во емисијата „Само вистина“ на „Канал“ најави дека екс-премиерот Никола Груевски  за 20 дена би можел да оди на издржување на 2 годишната казна затвор за предметот „Тенк“.

„Бавната правда е неправда. Во овој случај беше донесена пресудата релативно брзо и се надевам дека исто така брзо ќе го видиме господинот Никола Груевски зад решетки, дека ќе оди на отсужување на својата казна затвор од две години. За 20 дена би можело тоа да се заврши, сум работела на такви предмети.

До петок се очекува да ја добиеме второстепената пресуда, по што тече рокот од 20 дена да се изготви упатен акт и да му се достави на Груевски и да си оди во затвор“, рече Јанева во госувањето во „Само Вистина“.

SHARE

Comments are closed.