Хан бара „гласно“ објаснување од Орбан за азилот на Груевски

Еврокомесарот Јоханес Хан денеска на Твитер реагираше на веста дека официјална Будимпешта му одобри азил на поранешниот македонски премиер, Никола Груевски.

Тој, како што напиша, „очекува гласно објаснување од премиерот Виктор Орбан“ на која основа бил даден азилот и потсетува дека, „владеењето на правото е клучен принцип на земјите членки и за кандидатите за членство. Тоа е клучно за кредибилитетот на Европа“.

SHARE

Оставете Коментар