Хан: Луѓето во БЈРМ ги забележуваат придобивките од договорот со Грција

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика Јоханес Хан во заедничко интервју за австрискиот весник „Клајне цајтунг“ со претседателот на Парламентот на Австрија, Волфганг Соботка, се осврна и на референдумот во Македонија.

„Имаме референдум во БЈРМ на крајот на септември. И ние го поддржуваме и се надеваме дека резултатот ќе биде позитивен. Потоа Грците треба да одлучат“, рече Хан во интервјуто насловено „Или увезуваме нестабилност“ посветено на евроинтеграцијата на Западен Балкан.

На прашањето „што ако речат не“, Австриецот во Европска комисија дециден: „Луѓето во БЈРМ ги забележуваат позитивните последици од овој договор – преговорите за пристап со НАТО, почетокот на подготовките за преговорите со ЕУ, инвестициите и сл. Мислам дека и Грците ќе ги видат придобивките. Не може да е во нивен интерес да бидат географски изолирани“.

 

SHARE

Comments are closed.