Секое решение меѓу Приштина и Белград не треба да ја наруши стабилноста на регионот на Западен Балкан, смета комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан.

Во  интервјуто за Радио Слободна Европа, Хан не го отфрли предлогот за размена на територии меѓу Косово и Србија, идеја за која беше дискутирана во последниве денови.

„Мислам дека ова треба да им се остави на нив, да разговараме за тоа, тие многу јасно знаат која е нашата рамка. Јас сум за решавање на било каков билатерален конфликт, но секое решение мора да придонесе за стабилноста на регионот и пошироко… и не треба да оди на штета на другите“, рече Хан.

Тој смета дека договрот Белград Приштина треба да придонесе за “поголема стабилност во регионот, бидејќи на крајот, целта на целиот овој договор е двете земји да се приклучат кон ЕУ“.

Комесарот Хан вели дека е рано да се зборува за размена на територии, бидејќи тоа би можело да има негативно влијание врз Босна и Херцеговина, Македонија и во други земји.

 

 

SHARE