Хан се сретна со „отпишаните“ од ВМРО-ДПМНЕ

Еврокомесарот Јоханес Хан, денеска објави фотографија од средбата со поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, реформаторот Петар Богојевски и пратеничката Емилија Александрова, кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ.

Хан, кој имал средба со нив во Хелсинки, на маргините на Конгресот на Европската народна партија(ЕПП), на Твитер ја поздрави нивната храброст за гласањето за Преспанскиот договор.

„Сите закани против нив мора да престанат! Сите партии треба да работат на европската агенда која големото мнозинство од граѓаните ја посакува“, порача еврокомесарот Хан.

Синоќа, Хан објави фотографија и од средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Хан на Мицкоски му порачал дека “Преспанскиот” мора да пројде