Хан загрижен за економското присуство на Кина на Балканот

Економскиот ангажман на Кина на Балканот ја зголемува загриженоста на Европската унија, смета европскиот комесар Јоханес Хан, задолжен за односите на Унијата со Југоисточна Европа.

Со кинеските пари се финансира изградбата на електрани, автопати и мостови во шест земји од Западен Балкан.

Кина се претставува како земја која ги следи своите деловни интереси, изјави Хан во четвртокот навечер на собирот на водечки деловни луѓе во германското говорно подрачје во австриското зимско одморалиште Лех.

Н,о според Хан „случајот е обратен“ и Пекинг сака да го извезе својот државен модел.

Изборот е помеѓу европската демократија и пазарен капитализам, од една страна, и диктатура и див капитализам, од друга страна, рече Хан.

Тој ја повика ЕУ да најде соодветен одговор на предизвиците од Кина.