Хаос на Евзони, како во времето на ембаргото (ФОТО)

Loading...

Километарски колони долги до 5000 метри има денеска на грчката страна од граничниот премин Евзони кај Гевгелија.

На македонска страна на преминот Богородица задржувањето е кратко но на излез од Грцијс се чека неколку часа.

Метежот од грчка страна започнува веднаш после последната патарина пред граница а колоната се формира на околу 5 километри пред Евзони.

Вакви долги колони на грчка страна се карактеристични на крајот на август кога се враќаат за Германија турските државјани преку Грција.

Сега во колоната има најмногу македонски, српски и романски возила а очевидци се жалат дека вакво чекање немало од ембаргото и периодот кога за влез во Грција беа потребни визи и кога редовно се чекаше со часови.

Оставете Коментар